Новости
Со реализација на уште еден голем проект, Кисела Вода го започнува денешниот 29 јуни, на кој се одбележува 68-миот роденден на општината. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети Усје, во близина на крстот, каде започнува изградба на мини рекреативен центар.
Повеќе: Започнавме со изградба на мини рекреативен центар во Усје, кај Крстот
Средства во износ од 480 000 евра и’ се одобрени на Oпштина Кисела Вода за изградба на водоводна мрежа со резервоар во населбата Стаклара (Каменик). Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерката за животна средина Каја Шукова, каде официјално беше потврден позитивниот одговор на апликацијата поднесена од страна на општината и беа дефинирани смерниците по кои ќе се изведува овој капитален проект.
Повеќе: Кисела Вода: Стаклара за првпат ќе добие водовод и фекална канализација
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше во Драчево, на започнувањето на изградбата на нова водоводна мрежа на улицата “Речиште 2” со нејзините четири краци. После 30 години, жителите од овој дел на општината ќе добијат квалитетна вода за пиење, наспроти досегашната, која не задоволуваше никакви стандарди, бидејќи водоводната мрежа, тие ја изведувале самостојно, во 70-тите години на минатиот век.
Повеќе: Кисела Вода гради водоводна мрежа на ул. “Речиште 2” со краците
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја посети градинката “Кокиче” при ЈДГ “Весели Цветови”. Во овој објект се завршени градежните работи околу проширување, односно преадаптација, а во рамките на истата градинка, тој и Општина Кисела Вода веќе изготвија проект и обезбедија финансиски средства за доградба на сосема нов објект. Со ова, се отворени околу 300 нови места во градинките низ Кисела Вода и наследените листи за чекање од минатото на кои имаше над 450 деца, наскоро веќе нема да ги има.
Повеќе: ЈДГ “Весели Цветови” проширена за околу 90 дечиња и најавен нов објект
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата “Локов” во Кисела Вода, каде финализира реконструкцијата на оваа сообраќајница заедно со нејзините краци, а се изврши и реконструкција и проширување на паркинг просторот. Дополнително, изведена е и нова пешачка патека која ги спојува улиците “Локов” и “Димо Хаџи Димов”, со што се скратува патната комуникација на жителите од овој дел од населбата.
Повеќе: Реконструкција на улица “Локов” и проширување на паркинг просторот