Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Новости

­Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Рејтинг на корисник:  / 0

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со унгарскиот амбасадор Н.Е. Ласло Дукс. На овој работен состанок се дискутираше за можноста за реализација на бројни проекти, пред се во насока на подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода. На амбасадорот и неговото економско аташе, му беа презентирани покрупните планови  од Програмата на градоначалникот кон кои може да се насочи интересот за заедничка соработка, а кои ќе ја направат општината поатрактивна за потенцијалните инвеститори.

Повеќе: ­Средба на градоначалникот Ѓорѓиевски со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Ѓорѓиевски по повод 100 дена раководење со Општина Кисела Вода.

Рејтинг на корисник:  / 0

Почитувани,

Изминаа првите сто дена од процесот на креирање на новиот лик на Кисела Вода. Промените кои граѓаните од нас ги побараа преку своите дадени гласови, ги започнавме во сите сфери од делувањето на оваа локална самоуправа.

Во кусата временска рамка што ни стоеше на располагање, сработевме преку 50 проекти кои на директен начин ја подобрија функционалоста, транспарентноста, имиџот на оваа општина.

Повеќе: Интегрален текст од прес конференцијата на градоначалникот Ѓорѓиевски по повод 100 дена раководење со Општина Кисела Вода.

Завршена е реконструкцијата на улицата "Сердарот" во Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0

Финализирана е реконструкцијата на улицата “Сердарот” на која Општина Кисела Вода работеше во изминатиот период. На потегот од пругата до месната заедница во Потстаница, се постави нов долен строј, тампон, а потоа се изврши асфалтирање.

Повеќе: Завршена е реконструкцијата на улицата "Сердарот" во Драчево

Општина Кисела Вода гради паркинг на местото од дивата депонија кај “Мечкаров”

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода денес започна со изградба на паркинг простор за преку 60 возила во населбата Расадник.

Повеќе: Општина Кисела Вода гради паркинг на местото од дивата депонија кај “Мечкаров”

Втор обид за обезбедување на надворешна ревизија во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода одново ја објави тендерската постапка за избор на ревизорска куќа која треба да даде одговор околу наводите за неправилностите во делот на урбанистичкото работење на претходното раководство на Општина Кисела Вода.

Повеќе: Втор обид за обезбедување на надворешна ревизија во Општина Кисела Вода

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa