Насловна
Продолжува континуитетот на поддршка и добра соработка помеѓу НР Кина и Општина Кисела Вода. Во текот на вчерашниот ден, делегација на амбасадата на НР Кина, предводена од амбасадорот Zhang Zuo, го посетија училиштето “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” во Драчево и обезбедија донација од 27 таблети.
Повеќе: Кинеската амбасада донираше таблети за ООУ“Рајко Жинзифов” во Драчево
Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денес, па во наредните 5 дена жителите на општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2023 година, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни).
Повеќе: Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво
Општина Кисела Вода ги поканува сите млади лица да бидат дел од настанот кој под покровителство на оваа локална самоуправа ќе се одвива оваа сабота, 30 септември 2023 година, во паркот “Фредерих Шопен” ( до ООУ “Невена Георгиева – Дуња” ).
Повеќе: Оваа сабота Младински Културни Клубови во парк Шопен во Кисела Вода