Насловна
Пресечена е лентата и новиот парк “Иднина”, лоциран на кружниот тек помеѓу урбаните заедници Кисела Вода и Припор, од денес и официјално е пуштен во употреба.
Продолжуваат приемните денови за жителите на општина Кисела Вода. Денес, со градоначалникот Ѓорѓиевски, средба остваруваат преку 40 граѓани.
Повеќе: Нов саботен приемен ден за жителите на општина Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со каратистот Петар Спасеновски. Овој 24-годишник од Расадник, пред еден месец се врати со бронзен медал од ЕП во карате кое се одржа во Газијантеп, Турција.
Повеќе: Поддршка од Кисела Вода за освојувачот на бронзен медал од ЕП во Турција, Петар Спасеновски
“Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода. Објавен е јавен повик, на кои можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.

Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на Општина Кисела Вода.
“Битка на бендови” е настан кој Општина Кисела Вода за првпат го организира и кој има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.
Огласот е отворен од вчера, понеделник, 13.06.2022 година, до петок, 17.06.2022 година и заедно со сите критериуми и услови е достапен на општинската веб страница на следниот линк:
Пријавите треба да се доставуваат во архивата на општината со назнака - “За избор на најдобри музички бендови”.
За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се обратите кај лицето Сашо Јованоски, тел. број 070/268 076, или електронски, на email адресата : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.