Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес потпиша Меморандум за соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија.
Со пакет социјални мерки, Општина Кисела Вода ќе им помага на своите жители полесно да ја пребродат економската криза. Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги потпиша Меморандумите со повеќе компании кои функционираат на територија на општината и со тоа официјално го отвори проектот насловен “Грижа и сигурност за секое дете”.
Повеќе: Нов пакет социјални мерки од Општина Кисела Вода - “Грижа и сигурност за секое дете”
Со забавна програма и подароци, денес, беше одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. Забавата, организирана од Општина Кисела Вода, се одржа во неодамна отворениот клуб во населбата Расадник, наменет и опремен специјално за нив.
Повеќе: Во Кисела Вода Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа
Наставниците од основните училишта во Кисела Вода добија благодарници за заложбите во наставниот процес. На овој начин, Општина Кисела Вода, во чест на 5 Октомври, Светскиот ден на учителот им оддаде признание за нивната посветена и благородна работа. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Партенија Зографски”, од каде упати честитка до сите наставници и им посака уште поуспешна работа.
Завршуваат градежните активности на улицата “Христо Татарчев” во населбата Кисела Вода, каде Општина Кисела Вода инвестираше во изградба на паркинг простор. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во финализирањето на ова, ново решение за сообраќајот во мирување во општина Кисела Вода.
Повеќе: (ФОТО): Финализира изградбата на паркинг на ул. Христо Татарчев” во Кисела Вода