Насловна
Делегација од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, утринава на Градските гробишта во Бутел, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје, во 1963-та година.
Генерално чистење и средување на сите месни и урбани заедници се одвиваше во изминатите две седмици во општина Кисела Вода. Во акцијата беа вклучени вкупно 60-на сезонски работници, два камиони, повеќе машински метларки, тримери, телескопски пили, пили и сите останати ресурси со кои располага општината.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош.
Повеќе: Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства
Во контекст на висоите температури и портокаловата фаза во кој Македонија е влезена од денес, Општина Кисела Вода го реализира проектот ,,Топлотен бран".
Повеќе: “Топлотен бран” во Кисела Вода, проект за помош на граѓаните од високите температури
Реконструктивни зафати на тринаесет улици во населбата Драчево се одвиваат во моментов во општина Кисела Вода. Градежните активности кои опфаќаат гребење на оштетениот и дотраен асфалт се во тек.