Насловна
Завршуваат градежните активности за санација на улиците ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”. Денес се асфалтираат овие две улици во урбаната заедница Кисела Вода кои иако се доста фреквентни, не беа обновени години наназад, онезвозможувајќи комодитет при нивното користење.
Повеќе: Се асфалтираат ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ” во Кисела Вода
Уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата, од денес можат да апицираат на објавениот конкурс за финансиска поддршка од страна на Општина Кисела Вода.
Градоначалникот Ѓорѓиевски и делегација од општина Кисела Вода, денес положија свежо цвеќе на споменикот на Кузман Јосифовски Питу, во истоименото училиштето кое денес го одбележува својот патронат.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифовски Питу
Дефектолозите и психолозите од училиштата ООУ Рајко Жинзифов, ООУ Круме Кепески, ООУ Кирил Пејчиновиќ, ООУ Св. Климент Охридски, ООУ Кузман Шапкарев и ООУ Партеније Зографски во општина Кисела вода, заедно со претставници на невладините организации Крик и Леад, советници на општина Кисела Вода и лица со попреченост беа дел од тркалезната маса насловена „Инклузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“.
Повеќе: Инклузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост во Кисела Вода
Продолжува инвестицискиот процес на општина Кисела Вода за унапредување на условите за децата во градинките. Градоначалникот Ѓорѓиевски, придружуван од директорката на ЈДГ “8 Март”, денес го посети објектот “Пеперутка 2” во Драчево, каде се извршија градежни зафати за преадаптација на кујната и пералната, се изврши промена на електричната инсталација, се подобри енергетската моќност на објектот, а во моментов се врши набавка на современа кујнска опрема.
Повеќе: Ѓорѓиевски: Инвестиравме 7.2 милиони денари во ЈДГ "8 Март"