Насловна
Со пригодна манифестација, Општина Кисела Вода го одбележа денешниот 21-ви февруари, Светскиот ден на мајчиниот јазик. Во присуство на претставници од Општината, во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу”, беа доделени награди за најуспешните на распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема: „Јазикот е нашата татковина – Блаже Конески“.
Започна санацијата на Домот за култура “Билјана Беличанец”. Градежните активности за санирање на штетите настанати поради неодржување на објектот од страна на претходните општински власти, ќе се одвиваат во наредните неколку месеци.
Повеќе: Општина Кисела Вода го санира Домот за култура “Билјана Беличанец”
Интензивни градежни акивности од денес, се одвиваат во Припор. Оваа населба во која декади наназад многу фреквентни сообраќајници беа оставени на милост и немилост на времето, од денес добива нов лик.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со Роберт Скот Хејзлет, виш директор на НДИ во Македонија.
Денес во домот на култура “Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода одржа информативна сесија на која пред пред стручната јавност и културните работници го претстави предлог-документот „Стратегија за развој на културата 2023+“, како и новиот конкурс за култура.
Повеќе: Конкурс и стратегија за развој на културата во Кисела Вода