Насловна
Како дел од стратегијата за одговорен однос кон граѓаните и заштита на животната средина, Општина Кисела Вода, ќе спроведе нова акција за бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Во периодот од 03 мај до 11 мај, во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад.
ООУ “Кузман Јосифовски Питу” е нов кошаркарски шампион во Општина Кисела Вода.
Повеќе: Кошарка: ООУ “К.Ј.Питу” шампиони - ,,режираше“ Сребров
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес, на прес конференција го промовираше проектот за дигитализација, насловен “Со дигитализација до ефикасна администрација”.
Повеќе: Кисела Вода е првата дигитализирана општина во Македонија и пошироко
Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски посети повеќе социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода на кои им донираше пакети со прехранбени производи.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства
До крајот на месец мај, жителите на улиците “Корџевска” и “Домазетовска” и “Мишевска” во селото Драчево ќе добијат квалитетна вода за пиење, со што ќе се надмине проблемот со кој се бореа децении наназад.
Повеќе: Нова водоводна мрежа и асфалтирање на улиците “Корџевска”, “Мишевска” и “Домазетовска”