Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, им го честиташе Божик на сите верници од православна вероисповед кои денес го празнуваат Христовото раѓање.
Повеќе: Честитка од градоначалникот Ѓорѓиевски по повод Божик
Комплетно е осветлена трим патеката во Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода целосно ја осветли трим патеката
Денес, на Светскиот ден на Брајовата азбука, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски донираше 46 книги напишани на Брајово писмо за учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”. Во библиотеката на ова училиште речиси и да немаше вакви книги чиј процес на изработка е специфичен и скап, а ретко можат да се најдат и во слободна продажба. Донацијата од градоначалникот содржи лектирни изданија кои, за прв пат во Македонија содржат и илустрации.
Со 13 гласа за и 9 воздржани, Советот на Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година. Фокусот е ставен на развојот, а кратење е направено во непродуктивните трошоци. Па така, ако Буџетот за 2021 изнесуваше 1,2 милијарди денари, Буџетот за 2022 година изнесува 896 милиони денари, односно непродуктивните расходи се скратени за 5,5 милиони евра. На последната седница во 2021 година, Буџетот го елаборираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека истиот е развоен, односно дека во 2022-ата се предвидени 10 нови развојни програми.
Повеќе: Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2022 година
Денес, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа прес конференција, на која беше презентиран првиот дел од реализацијата на проектот “Стоп за урбаната мафија во Кисела Вода”. Обраќањето ви пренесуваме во целост.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа прес конференција на тема "Стоп за урбаната мафија"