Насловна
Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во четврток, на 19 јануари 2023год.
Повеќе: Водици 2023: Во oпштина Кисела Вода ќе се положува богојавленскиот крст
На иницијатива на градоначалникот Ѓорѓиевски, денес се одржа Божикен појадок за стопанствениците од општина Кисела Вода. Бизнис заедницата е една од најважните алки во напредокот на локалната заедница бидејќи ја детерминира одржливоста и перспективата на локалниот економски развој, кој пак, е клучен во унапредувањето на стандардот на нашите жители, истакна градоначалникот во своето обраќање пред присутните.
Повеќе: Градоначалникот Ѓорѓиевски на Божикен појадок со бизнис заедницата од Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со своето потесно семејство и со отецот Оливер од Хуманитарна организација "Свети Спас", денес, на најголемиот христијански празник Божик, делеа хуманитарни оброци на лица од социјален ризик.
Завршени се градежните активности на објектот кој ќе го носи името “Симба” и ќе функционира во состав на ЈДГ “Весели Цветови”.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со Претседателот на Совет на Општина Кисела Вода, неколку советници и пазарџии денес ја пресекоа лентата и официјално го пуштија во употреба првиот затворен пазар во општина Кисела Вода.
Повеќе: Пуштен во употреба првиот затворен пазар во Кисела Вода