Насловна
Општина Кисела Вода ве повикува на големо дружење утре, сабота (04.10.2014) од 12 до 14 часот на игралиштето Славија во Пржино, каде младите од општината ќе имаат можност да ја изразат својата креативност и умешност преку изработката на графити. Настанот ќе биде музички поддржан Дј Че. “Ден на графити”, како што е насловен овој настан, општината и Градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ го организираат како давање свој придонес во поттикнувањето на сите млади луѓе за креативен и здрав начин на живот и развојот на современиот урбан уметнички израз кај нив.
Процесот на легализација на бесправно изградени објекти во oпштина Кисела Вода продолжува со несмалена динамика. Практиката за делење на 50тина решенија за легализација на неделна основа, поткрепена со кадровско и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби и зголемувањето на бројот на комисии кои излегуваат на терен, веќе ги дава посакуваните резултати.
Повеќе: Нови 50 решенија за легализација во општина Кисела Вода
Утре, четврток, (02.10.2014), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во големата сала на општината, со почеток во 11:00 часот ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
По петнаесети пат, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска свечено додели ваучери на 33 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош. Со ова доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, изнесува 651.
Во рамки на редовниот термин, денес, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, оствари средби со граѓаните.Преку директен раговор со жителите на општината беше зборувано за проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, потребите кои ги имаат, но и различните идеи, предлози и сугестии од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.
Повеќе: Приемен ден на градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ