Насловна
Како една од активносите по повод 68-от роденден на Општина Кисела Вода во паркот Шопен беше одржана традиционалната ,,Kоријада’’ од страна на Здружението на пензионери на Кисела Вода.
Истата има хуманитарен карактер бидејќи паричните средства што се обезбедија од продажбата на белите печива изработени од пензионерките, денес беа доделени на три социјално загрозени семејства.
Секој човек заслужува пристоен живот и можност за напредок и хуманоста ни помага тоа да го оствариме. Настаните како денешниот се значаен чекор кон изградба на поинакво и посигурно општество. Оттука, Општина Кисела Вода покрај континуираната поддршка и помош на семјствата од социјален ризик и понатаму ќе продолжи да организира слични проекти кои значат помош на оние на кои им е потребна, но и ја засилуваат солидарноста во заедницата.
Општина Кисела Вода во соработка со Општинската Организација на Црвен крст–Кисела Вода, започна со спроведување на проектот ‘’Топлотен бран 2023’’.
Повеќе: ‘’Топлотен бран 2023’’ во Кисела Вода за заштита од високите температури
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата и петтата пленарна седница 14.07.2023 година (петок ) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесет и петтата пленарна седница
Четири јавни повици за субвенции објави денес Општина Кисела Вода кои на жителите од овој дел на градот ќе им обезбедат финансиска подршка за набавка на печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва е на терен заедно со службите од Кисела Вода. Во самоорганизирана акција, сезонските работници, администрацијата од Кисела Вода, помогнати со механизација и работници од соседната општина Сопиште и од општина Кавадарци, го чистат наталожениот отпад од улиците во општина Кисела Вода, кој Градот Скопје веќе неколку дена не го собира, доведувајќи го во ризик здравјето на граѓаните.