Насловна
Општина Кисела Вода на сите православни христијани им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица со желби за добро здравје, љубов и меѓусебно разбирање. Одбележувањето на денот посветен на Божјата мајка, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на човечноста, скромноста, трпеливоста, љубовта, на начелата кои се наша водилка кон духовниот мир и спокој.
Нека ни е честит!
На 19-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Одржана 19 седница на Советот на општина Кисела Вода
По информација добиена од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, ве известуваме дека поради дефект, денеска без вода останаа дел од корисниците во општина Кисела Вода. Од 11:15 часот, прекин во водоснабдувањето има во “Драчево”, на улиците “Сердарот”, “Ратко Митровиќ” и “Речиште”.
Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното јавно доделување на нови 48 решенија, правен статус добија вкупно 3015 објекти, што е значаен податок, ако се земе предвид дека во општина Кисела Вода се пристигнати 11874 барања за легализација.
Повеќе: Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода
Во понеделник, на 18.08.2014, со почеток во 11 часот, во Големата сала на општина Кисела Вода ќе бидат доделени нови решенија за легализација на дивоградби.