Насловна
Утре, 16.05.2014, петок, со почеток во 10 часот, во ОУ Кузман Јосифовски-Питу" ќе се одржи натпревар за учениците од основните училишта "Млади техничари и иноватори", во организација на Здружението на наставници по техничко образование на РМ, а поддржано од општина Кисела Вода. Настанот ќе го отвори градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Поради дефект на водоводна мрежа на улица „Саса крак 2", без водa ќе останат дел од корисниците од истоимената улица од 10:00 часот па се до санирање на дефектот.
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи во петок, на 16 Мај, од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
Повеќе: Да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!
Се олеснува процедурата за плаќање на административните такси во општина Кисела Вода. На едношалтерскиот систем се инсталирани пост-терминали со кои граѓаните на брз, лесен и сигурен начин, без да одат во банките можат да платат за услугата.
Општинската администрација е веќе обучена и услугата функционира.
Наскоро, на овој начин ќе може да се наплаќа и данокот, а потоа и сите останати давачки кон општината, со што Кисела Вода прави уште еден чекор во остварувањето на идејата за современа и ефикасна администрација која е целосно во служба на граѓаните.
Во тек е спроведување на акција за чистење и косење на трим-патеката која поврзува три урбани заедници на територијата на општина Кисела Вода, УЗ Цветан Димов, 11 Октомври-згради и 11 Октомври-Бараки.
Повеќе: Се чисти и коси трим-патеката во општина Кисела Вода