Насловна
Во организација на Одделението за спорт на општина Кисела Вода во четврток (13. 03.2014) во 13 часот и 30 минути, во Големата сала на општината ќе се одржи трибина на тема “Современ училишен спорт”.
Поради дефект на шибер затварач профил ф-100 милиметри на улица "Жарко Зрењанин" бр.78 раскрсница со улица "Стари Новакиња", денес без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците "Стари Новакиња", "Роман Ролан" и "Димитар Гуштанов" од 11:30 часот па се до санирање на дефектот.
На 29 март, во 20:30 часот општина Кисела Вода ќе го исклучи осветлувањето на неколку спомен одбележја на нејзина територија. Со тоа, ќе даде свој придонес во глобалната волонтерска акција „Часот на планетата земја“ која годинава ќе се спроведува во 154 држави.
Повеќе: И општина Кисела Вода се вклучува во „Часот на планетата земја“
Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Лоранс Оер, денес, ја посети општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ. На средбата беа презентирани потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
Повеќе: Францускиот амбасадор Оер ја посети општина Кисела Вода
ОУ„Св.Климент Охридски“ од с.Драчево го доби највисокото признание-зелено знаме на 5от по ред Еко самит за наградување на училишта и градинки во рамките на програмата „Интеграција на еколошката едукација“. Програмата е поддржана од Швајцарската агенција за развој, Граѓанската асоцијација „ОХО“, БРО и МОН. На Еко самитот учесниците ги поздрави амбасадорот на Швајцарската агенција за развој и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Повеќе: Зелено знаме за ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево