Насловна
Течат градежните активности за изградба на примарна фекална канализација на ул. “Румена Хаџипанзова” во населбата Драчево.
Кисела Вода прерасна во модерна општина која се води од желбите и потребите на граѓаните
Урбанизацијата на општина Кисела Вода е императив за градоначалничката Билјана Беличанец,која граѓаните и понатаму ја нарекуваат Хурем Султан според популарната турска серија каде што како актерка по професија го позајми својот глас. Благодарение на нејзиниот ентузијазам со кој пред една година ја прими оваа тешка и одговорна функција, секојдневните контакти со граѓаните, упорноста на градската администрација и поддршката од Советот, таа за краток период успеа да го смени ликот на општината. Се изградија и се градат нови сообраќајници, се реконструираат старите, се обновува инфраструктурата, се вложува во образованието, во екологијата, во културата...
Повеќе: Интервју за весникот "Вечер" на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ
Одделението за предучилишно воспитување на општина Кисела Вода организира серијал на стручни предавања на тема “Здрави навики-здраво бебе”. Првото е закажано за денес, во периодот од 17 часот до 18 часот и 30 минути во објектот Пеперутка 1, при ЈДГ “ 8 Март”.
За стекнувањето на здрави навики при одгледувањето на децата од нивната најрана возраст кои ќе овозможат нивен правилен раст и развој, ќе говори д-р специјалист педијатар Валентина Стевиќ од Детската клиника Козле . На работилницата учество ќе можат да земат родителите и негователите од ЈДГ ” 8 Март” кои ќе имаат можност да се информираат и советуваат околу исхраната, имунолошкиот статус , правилниот избор на музика и играчки во правилниот развој на детето и сите други прашања кои ги засегаат. Предавањата се бесплатни и се организирани со следниот распоред:
06.03.2014 (четврток), објект Пржино, ЈДГ ” 8 Март”
11.03.2014 (вторник), објект Сончоглед, ЈДГ ” Весели Цветови”
14.03.2014 (петок), објект Синоличка, ЈДГ ” Весели Цветови”, сите во период од 17часот до 18:30 часот
Ве известуваме дека е направен технички превид во врска со делот од член 89 од одлуката за комунален ред на Советот на Општина Кисела Вода во врска со одгледувањето на домашните миленици во колективните згради. Дека се работи за превид, говори и фактот што досега на територија на општина Кисела Вода не е постапено по ниту еден случај, односно не е изречена ниту една казна согласно овој член од одлуката. Превидот ќе биде исправен на првата следна седница на Советот на општината, а дотогаш општинските инспектори нема да постапуваат по него.
Нови 60 семејства од Кисела Вода со принова денес добија еднократна парична помош од општината. Ваучерите во вредност од 6000 денари кои градоначалникот на општината Билјана Беличанец Алексиќ денес ги доделуваше по осми пат, на месечна основа, значат скромен поттик и стимул за семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на деца.
Повеќе: Нови 60 ваучери за новороденчиња од општина Кисела Вода