Насловна
Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на МЗ “село Драчево” под бр.19-638 од 04.12.2013 год.
Во организација на порталот „Скопјеинфо“ во кој учествуваа 25 илјади граѓани беа избрани најуспешните градоначалници во градот Скопје. Првото место му припадна на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.Второто место го освои градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Според граѓаните кои гласаа, третото место го освои градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.
Дел од корисниците лоцирани на улиците „Саса“ и „8“ во населбата Пинтија, општина Кисела Вода денеска од 11 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.
Ширењето невистини и манипулации од страна на СДСМ продолжуваат и понатаму. Денешната реакција на ОО СДСМ Кисела Вода на прес-конференцијата на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ е само потврда за фактот дека во недостиг на аргументи, неоснованите обвинувања на опозицијата се беспомошно оружје со кое сакаат да го прикријат задоволството на граѓаните на Кисела Вода за сработеното во изминатиот период.
Денеска, 21.01.2014 (вторник), градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, одржа прес конференција на која даде осврт на сработеното во изминативе 9 месеци, откако дојде на чело на општината. Истакна дека ова беше успешна година, полна со предизвици, градежни активности и енергична работа, чија реализација немаше да ги даде очекуваните ефекти без големата поддршка и помош од жителите на општината. Потенцираше дека за краток период, имајќи ја и поддршката од централната власт и Градот Скопје, се реализирани преку 40 проекти од инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности и сите области каде општината има надлежности.