Насловна
Поради интервенции што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД денес во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе биде исклучена струјата на улицата "Киро Фетак" во Драчево.
Прекинот е заради реализација на на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овој реон.
Јавната детска градинка „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода се здоби со статусот “зелено знаме” што значи највисок статус на еколошка градинка.
Статусот “зелено знаме” се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.
Повеќе: Градинката „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода доби зелено знаме
На свечен начин денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ по шеснаесети пат додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 40 граѓани од општината.
Во своето обраќање градоначалникот уште на самиот старт упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели нови 40 решенија за легализација
Општина Кисела Вода најостро ги демантира тврдењата кои денеска ги изнесе општинската организација на СДСМ-Кисела Вода по однос на Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година.
Советниците од СДСМ, очигледно целосно ја промашиле темата за прес-конференција, бидејќи станува збор за ребаланс на буџет, а не за носење на буџетот за 2014 година. Колку за потсетување, буџетот за следната година се носи кон крајот на тековната година, што значи буџетот за оваа 2013 година е донесен на крајот на 2012 година. Јавно ги прашуваме советниците од СДСМ: Каква логика користите, кога ја лансирате тезата дека со ребалансот на буџетот практично се кратат проектите од предизборната програма на актуелниот градоначалник на Кисела Вода, кога општинскиот буџет за 2013 година е донесен кон крајот на 2012 година. Одговорот, најверојатно само тие го знаат.
Општина Кисела Вода во соработка со сите основни училишта и оваа учебна 2013/2014 година ќе продолжи со големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата, која ја организира компанијата Пакомак, заедно со радио Бубамара, a со поддршка од Шпаркассе Банка.
Повеќе: Училиштата од Кисела Вода ја продолжуваат соработката со ПАКОМАК и Шпаркассе Банка