Насловна
Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со денешното доделување на 40 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1754. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5100 предмети се во административна постапка, а 5.008 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ги информираше присутните за процесот и динамиката на решавањето на предметите за легализација во општината Кисела Вода.
Повеќе: Нови 40 решенија за легализација во Општина Кисела Вода
Со свечена седница и неколку културно-забавни настани, најстарата скопска општина – Кисела Вода, во сабота (29.06.2013) ќе го прослави 58-от роденден. Со почеток во 10:00 часот, во големата сала на општината ќе се одржи свечена седница на Советот на општината, на која градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели благодарници на личности кои оставиле печат во работата и развојот на општината.
Културното лето во Кисела Вода продолжува и оваа недела. Културниот бран од месноста “Три круши”, се пресели во урбаниот дел на општината Кисела Вода. Имено, вчеравечер целовечерен концерт во паркот “Фредерик Шопен” одржа триото “ОЛЕ”, со изведба на класични нумери, странски преработки и македонски евергрини.
Повеќе: Триото “ОЛЕ” ја развесели публиката во паркот “Шопен”
Културното лето во Кисела Вода продолжува вечерва. Третата културна манифестација на годинашното културно лето, кое годинава се реализира под мотото “Бранувано Културно Три круши 2013-то лето”, ќе се одржи вечерва во паркот “Фредерик Шопен”. Со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи триото “ОЛЕ” (две виолини и виолончело), со изведба на класични нумери, странски преработки и македонски евергрини.
Влезот за граѓаните е бесплатен!!!
На секое семејство со новороденче во периодот од 20.06.2013, заклучно со 31.12.2013 година, со живеалиште на подрачјето на Општина Кисела Вода, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и дел од членовите на општинскиот совет.
Повеќе: Општина Кисела Вода со помош од 6.000 денари за секое новороденче