Насловна
Во пресрет на големата утрешна акција за расчистување на отпадот, симболично наречена “Македонија без отпад”, основните училишта од Општина Кисела Вода со низа активности за чистење го даваат својот придонес за здрава и чиста околина.
Повеќе: Училиштата од Кисела Вода се вклучија во акцијата “Македонија без отпад”
Денеска (04.10.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, претставници на ЈП “Службен Весник на Република Македонија” реализираа презентација на тема ”Услугите на ЈП Службен Весник на Р.М. – гарант на Вашата правна сигурност”.
Општина Кисела Вода продолжи со практиката за делење на решенија за легализација на неделно ниво. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови 48 решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општината, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на нешто повеќе од 2.000.
Повеќе: Легализирани уште 48 дивоградби неделава во Кисела Вода
Во петок, (04.10.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
На 5-ти Октомври (сабота) ќе се одржи националната акција за чистење и развивање на свеста околу отпадот. Проектот има за цел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад. Општина Кисела Вода и годинава активно ќе се вклучи во оваа традиционална акција со чистење на неколку локации.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе се вклучи во акцијата “Македонија без отпад 2013”