Насловна
Општината Кисела Вода е една од ретките скопски општини во кои одлично функционира работата на месната самоуправа, како начин на подемократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси. Управувањето со територијата на општината е организирана преку 14 месни и урбани заедници, а во секоја ваква истурена канцеларија на општината е вработен општински референт, кој е практичен преносител на барањата на граѓаните до општината.
Повеќе: Жителите на Потстаница и населба Драчево задоволни од работата на Беличанец - Алексиќ
Во чест на првиот роденден од формирањето на организационата единица Посада Кисела Вода (составена од патролите од основните училишта “Партенија Зографски“, “Кирил Пејчиновиќ“ “Невена Георгиева Дуња“, “Кузман Шапкарев“ и “Рајко Жинзифов“, сите од Општина Кисела Вода), воедно и за популаризација и афирмација на скаутизмот како светска придобивка, “Извидничкиот поречански одред Јадран“ Скопје, поддржан од Општина Кисела Вода, во саботата (21.09.2013 година), беше организатор на ориентационо натпреварување под името “Извидниците за Кисела Вода”.
Општина Кисела Вода, со седиште на улица Петар Делјан бр.17 Скопје, распишува огласза давање на користење на термини во спортските сали „Независна Македонија” и„Архиепископ Доситеј” при Општина Кисела Вода, и тоа:
Градежните активности за санација на ударните дупки во Општина Кисела Вода се изведуваат со засилена динамика. Оваа работна седмица, екипи на фирмата Бауер БГ ДОО – Скопје, започнаа машинско гребење и асфалтирање на ударни дупки на неколку сервисни улици во населбата Драчево, при што се изгребани 400 квадратни метри асфалтна маса. По завршување на машинското гребење се пристапи кон чистење, прскање и премачкување со емулзија, машинско набивање и пополнување со асфалтна маса, при што се поставени околу 40 тони нова асфалтна маса. Нововградениот асфалт е од тип АБ-11 со дебелина Д – 5 см.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со претседателот на Советот, Трајче Донев, претставници на општинската администрација и членови на Советот на општината, почнувајќи од 23.09.2013 година (понеделник), ќе започне со редовна посета на сите месни и урбани заедници во општината. Првата средба, градоначалникот Беличанец - Алексиќ ќе ја одржи со жителите од месната заедница Потстаница, а во следниот период од 3 недели, ќе посетува по две месни заедници дневно.