Насловна
Општина Кисела Вода во соработка со амасадата на Сојузна Република Германија до завршувањето на летниот распуст ќе изврши санација на основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор.
Санацијата опфаќа замена на прозори, средства кои се обезбедени од буџетото на локалната самоуправа. Со донација од амасадата на Сојузна Република Германија ќе биде извршено молерисување на училниците и обновен дел од училишниот мебел.
Подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во населеното место Припор е изградено во 1982 година, од неговот отварање до денес не се извршени никакви реконструкции.
Повеќе: Санација на Основното училиште „Круме Кепески“ н.Припор
Општина Кисела Вода го подржува и активно се вклучува во спроведување на Проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ" кој беше промовиран од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Црвениот Крст на Република Македонија и Општините.Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Кисела Вода, за координација и реализација на проектот ,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ".
Повеќе: Општина Кисела Вода се вклучува во проектот,, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ТОПОЛ ДОМ "
Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по предлог ДУП за реон Ј, четврт Ј10
Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Сл.весник на РМ" бр.51/05, бр.137/07, бр. 91/09, 124/2010, 18/11, 53/11, 144/12, и 55/13), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02, член 57 од Статутот на Општина Кисела Вода ("Сл.гласник на Град Скопје", бр.8/2005) и донесената програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со Одлука бр. 07-8628/5 од 29.11.2012 година, од Советот на Општина Кисела Вода за изработка на Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10 и донесената програма за измена на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2013 година со бр.07-1229/17 од 21.02.2013 година, донесена од Советот на Општина Кисела Вода, Градоначалникот на Општина Кисела Вода
го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Заорганизирањена јавнапрезентацијаи јавнаанкета
по предлогДУП
за реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода
Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 12-то јавно доделување на 61 ново решение за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1903. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација, 5.129 предмети се во административна постапка, 4.827 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација.
Повеќе: Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува и покрај годишните одмори
Пред околу 3.000 посетители, на спектакуларен начин вчера заврши манифестацијата “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имиџот и реномето на најпосетувана културна манифестација во Градот Скопје, културното лето во Кисела Вода и оваа година го потврди.
На четири локации во општината, годинава преку 35.000 посетители ги проследија вкупно 15-те културни настани, на кои продефилираа неколку стотини естрадни уметници, театри, ансамбли и културно – уметнички друштва, актери и хумористи.
Повеќе: Спектакуларна завршница на културното лето “Три круши”