Насловна
Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 11-то јавно доделување на 36 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1833. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5.064 предмети се во административна постапка, а 4.946 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација. Токму затоа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги потсети граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.
Повеќе: Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува со засилено темпо
Во среда (24.07.2013), во големата сала на општината, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес (22.07.) во ПС Бутел го промовираше почетокот на проектот “Дисперзирани базни станици“, чија што цел е да им овозможи на граѓаните во општината во која што живеат да аплицираат за нови биометриски лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи).
На настанот присуствуваа и градоначалниците на општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Петре Латиновски, Билјана Беличанец - Алкесиќ и Сокол Митревски, како и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Викенд полн со убава музика и забава за најмладите го окарактеризира овонеделното културно доживување на “Три круши”. Најпрвин, во петокот (19.07.), целовечерен концерт одржа тамбурашката група “Гезме”, која повеќе од два часа ги забавуваше присутните посетители на верско-рекреативниот центар “Три круши” со широк репертоар на традиционални македонски песни со етно призвук.
Општина Кисела Вода во континуитет работи на урбанизирање и развој на општината. Во насока на урбанизирање на локацијата каде е сместена општината Кисела Вода, во моментов на јавна расправа е ДУП-от за реон Ј, четврт Ј12, Општина Кисела Вода, со кој ќе се уреди просторот помеѓу: булеварот "Македонија", улицата "Петар Дељан", улицата "Првомајска" и улицата "Есенинова, односно делот на поранешниот објект на “Славија”, делот на општинските бараки и останатите локалитети од левата страна на булеварот.