Насловна
Во организација на општина Кисела Вода, друштвото за управување со отпад од пакување ПАКОМАК и Шапаркасе Банка, изминатата учебна година се реализираше голема еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштето, во која беа вклучени сите осум основни училишта на територијата на општината.
Целта на оваа акција беше од најмала возраст да се поттикнуваат децата да го селектираат отпадот и да се придонесе кон создавање на нови еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со слектирањето на отпадот ја зачувуваме природата и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност.
Повеќе: Две училишта од Кисела Вода со награда од проектот “Рециклирање – Kажи Да!”
По одличниот концерт на групата ДНК во населбата Црниче, културниот бран утревечер (05.07.2013) ќе се пресели во паркот “Македонија”, каде со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржат Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Овие добропознати македонски уметници веќе 10 години ја практикуваат кубанската музика, која го симболизира морето, убавата храна, добриот пијалок, кубанските пури и убавите жени.
Музиката која утревечер ќе ја презентираат е микс помеѓу македонската и кубанската традиционална музика.
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.
Денеска во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Кисела Вода, каде присуствуваа градоначалниците на градот Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.
На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Кисела Вода, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Кисела Вода, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Трајановски во работна посета на Општина Кисела Вода
Во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, вчеравечер брилијантен концерт одржа Р&Б дуото ДНК. Милениците на помладата публика Андреј и Панчо го промовираа новиот албум “Срце”, а ги изведоа и нивните најголеми хитови “Таа тоа го крие”, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе” од претходниот албум “Кажано е се”.
Утре 04.07.2013 година, четврток/ во 11 часот во бараките на Општина Кисела Вода, ќе се одржи средба на јавните претпријатија на градот Скопје и градската администрација со претставници на урбаните и месните заедници на Општина Кисела Вода.
На средбите ќе присуствуваат и градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.