Насловна
Успешната соработка со основните и средните училишта на територија на Град Скопје, продолжува преку реализација на повеќе заеднички проекти, посветени на младите вљубеници во природните науки.
Повеќе: Основци од Кисела Вода учествуваа на “Денови на Електротехниката”
Подобар крај на училишниот спорт во општина Кисела Вода, и не можеше да се случи. Спортската сала ,,Независна Македонија“ по одигрувањето на кошаркарскиот плеј-оф, беше преполна со емоции, навивање, тимски дух, крајно педагошки и стручен надзор на тренерите, потези, скокови и постигнати кошеви кои се далеку надминати од нивото - училишен спорт.
И годинава традицијата ќе продолжи. Урбаната заедница Црниче и со неколку активности ќе го одбележи празникот Источен Петок – Балаклија, меѓу народот познат и како Светол или Благ Петок. Чествувањето ќе се реализира во просториите на урбаната заедница Црниче на 10.05.2013 год. (петок), во периодот од 10:00 – 20:00 часот.
Повеќе: Урбаната заедница Црниче ќе го чествува Источен Петок – Балаклија
Под мотото “Капка крв спасува живот”, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа крводарителска акција, во организација на Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода, а во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија.
Фудбалерите на ОУ "Круме Кепески" се нови фудбалски шампиони во Општина Кисела Вода, додека капитенот на оваа екипа, Мартин Миленковски е прогласен за играч на сезоната.