Насловна
Успесите и активностите на Општина Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Од неодамна, Кисела Вода е дел од Б40 Мрежата на градови, лидери од регионот, која функциоира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата.
Повеќе: Кисела Вода дел од Б40 мрежата на градови - лидери од Балканот!
Децата од социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Денес е распишан огласот и се објавени критериумите кои на ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35 000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро.
Повеќе: Кисела Вода: Во август социјално загрозените ученици ќе летуваат бесплатно
По шест денови, исполнети со спортување и дружење, со многу спортски емоции на селектираните талентирани спортисти од четири општини, заврши традиционалниот годинешен ,,Куп Св. Ѓорѓи“.
Со свечена церемонија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со семејството на загинатиот бранител во битката против тероризмот во Куманово, Љубиша Аранѓеловиќ, денес ја открија неговата спомен плоча. Од денес, овој паметник поставен во населбата Кисела Вода, ќе сведочи за дадената жртва, за храброста и љубовта кон татковината на овој херој кој не смее да биде заборавен од генерациите кои доаѓаат. Чест на загинатиот припадник на ЕБР му оддадоа и колегите од Синдикатот на полициските службеници, кои положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен плочата. На настанот присуствуваа и повеќе граѓани, пријатели на загинатиот Аранѓеловиќ, како и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
- Со неизмерна почит кон Љубиша Аранѓеловиќ, големиот херој кој загина бранејќи ја својата земја од терористите кои извршија напад во Диво Насеље, денес го откриваме неговиот споменик. Жртвата која тој ја даде бранејќи ја нашата безбедност, храброста која ја покажа бранејќи својата татковина се нешто што засекогаш ќе го паметиме. Оваа биста е симбол на нашата благодарност и почит кон неговото дело, но и историски потсетник за премрежијата низ кои минува Република Македонија. Да го споменуваме секогаш, да го продолжиме неговот дух и да продолжиме да ги негуваме вредностите во кои тој веруваше и за кои ја плати највисоката цена. Слава му!-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потоа, заедно со делегација од Општина Кисела Вода се поклони пред споменикот и постави свежо цвеќе.
Селекцијата на Општина Кисела Вода, победи на кошаркарскиот турнир, кој се игра во рамките на Купот “Св Ѓорѓи”. Избраниците на тренерите Благоја Кечовски и Наташа Дургутов, во текот на целата финална средба беа подобар противник од селекцијата на Општина Карпош и сосема заслужено триумфираа со резултат 58:46 (по четвртини 10:10, 8:11,18.9 и 22:16).