Насловна
Клуч, како симбол на отворените врати на Општина Кисела Вода, денес добија од градоначлникот Ѓорѓиевски македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои своевремено беа прогласени и за најдобра судиска двојка во светот, во изборот на Светската ракометна федерација (ИХФ). Со градоначалникот, на кој му подарија дрес со нивните имиња, продискутираа за бројните големи натпреварувања на кои ја делеа правдата и на кои ја претставија Македонија во најдобро светло. Имено, тие неодамна се вратија од Светското ракометно првенство каде го судеа финалето, пред тоа го судеа финалето на Африканското првенство, во 2021 финалето на Олимпијадата, а завршницата на Европското Првенство ја судеа пред две години, како еден континуитет на големите натпреварувања.
-Голема е честа и задоволството што денес сум во друштво на овие две големи имиња од македонскиот, но и светскиот ракомет. Оваа судиска двојка зад себе има голем број на интернационални признанија и се надевам дека успешно ќе го продолжат континуитетот на големите натпреварувања. Од мое лично и од име на жителите на општина Кисела Вода сакам да им честитам и да им се заблагодарам што достојно го веат македонското знаме секаде каде што судат. Статуетката во форма на клуч која денес им ја доделив има симболично значење. Неа им ја доделуваме на нашите почесни граѓани, а тој епитет Николов и Начевски одамна го заслужија. Славе Николов е се уште жител, а Ѓорѓи Начевски е пораснат во општина Кисела Вода и секогаш со гордост го истакнува тој факт. Клучот ја симболизира и поддршката од наша страна, на која овие ракометни судии можат секогаш да сметаат-истакна градоначалниот Орце Ѓорѓиевски.
Информативна сесија на Општина Кисела Вода по повод стратегијата за развој на културата и културното образование ќе се одржи во четврток, на 16.02.2023 во Дом на Културата Билјана Беличанец Кисела Вода, со почеток во 10:45 часот.
Повеќе: Кисела Вода ги кани уметниците на информативна сесија
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата пленарна седница на 15.02.2023 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 18-та пленарна седница
1.Предлог - Одлука за издвојување на финансиски средства како помош од Општина Кисела Вода во санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција и Сирија;
2.Предлог – Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа наделжност Драчево;
3.Давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ,,Кузман Шапкарев,, н.Драчево;
4.Давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Општина Кисела Вода, Скопје.
5. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
6. Акционен план за 2023 година (од Програмата за Енергетска ефикасност за Општина Kисела Вода 2021-2023 година);
7.Предлог - Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода за 2023 година;
8.Предлог - Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Зоран Јовановски;
9.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети објектот “Кокиче” при градинката “Весели Цветови”.
Повеќе: Се проширува капацитетот на градинката “Кокиче” во Кисела Вода
Делегација од Општина Кисела Вода во состав од заменик градоначалникот Иван Митровски, секретарот на Општината Мирко Ивановски и советничката од Советот Светлана Колариќ, денес се поклони пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.
Повеќе: Делегација од Кисела Вода се поклони пред гробот на Гоце Делчев