Насловна
Завршуваат градежните активности на улицата “Христо Татарчев” во населбата Кисела Вода, каде Општина Кисела Вода инвестираше во изградба на паркинг простор. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во финализирањето на ова, ново решение за сообраќајот во мирување во општина Кисела Вода.
Повеќе: (ФОТО): Финализира изградбата на паркинг на ул. Христо Татарчев” во Кисела Вода
Ќе се санира Домот на култура “Билјана Беличанец”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го потпиша Договорот со Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој, преку кое Министерството за локална самоуправа и’ додели на Општина Кисела Вода средства во висина од 2.294.571,00 денари.
Повеќе: Потпишан Договор за санирање на Домот на култура “Билјана Беличанец”
Од понеделник Општина Кисела Вoда започнува со исплата на субвенциите за печки на пелети. Финансискиот надоместок за кој во изминатиот период аплицираа граѓаните што набавија вакви печки e во рамки на Програмата за енегетска ефикасност на општината.
Повеќе: Кисела Вода започнува со исплата на субвенциите за печки на пелети
Татјана Нанкова, советник и претседателка на комисијата за еднакви можности во општина Кисела Вода, минатите неколку денови беше дел од студиска посета на Малме Шведска, во рамки на програмите кои ги организира “NDI“.
Повеќе: Советничката Нанкова на студиска посета за родова еднаквост во Шведска
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес ја ставија во функција новата детска градинка ,,Пеперутка 3” во населбата Драчево.
Повеќе: Ставена во функција новата градинка “Пеперутка 3” во Драчево