Page 2 - 1460 дела
P. 2

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ПЕРИОДОТ 2013 - 2017                                                                                 3

















                                                                                                       ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ

                                                                                                       ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ,




                                                                                                       На истекот од четиригодишниот период во кој вие, жителите на Општина Кисела Вода, ни ја
                                                                                                       дадовте својата доверба, пред Вас стоиме со сработеното, со реализираното од она што го
                                                                                                       ветивме. Работејќи енергично, чесно, одговорно и посветено, во дослух со вас, одговарајќи на
                                                                                                       вашите потреби и барања, ги креиравме нашите приоритети, обидувајќи се, согласно можност-
                                                                                                       ите, да излеземе во пресрет на секој поединец, кој во Општина Кисела Вода ја гради и живее
                                                                                                       својата сегашност, ја планира иднината, својата и на своите деца.

                                                                                                       Огромна беше честа да се биде градоначалник на општина која го носи епитетот, најстара
                                                                                                       во градот. Но, уште поголема беше одговорноста што таа функција ја носи со себе, бидејќи
                                                                                                       шесте декади колку што постои Општината, подразбираат стара и дотраена инфраструктура
                                                                                                       и потреба од соочување со повеќедецениски наталожени проблеми. Дополнителен предизвик
                                                                                                       кој стоеше пред мене како градоначалник и пред Советот и општинската администрација, беа
                                                                                                       скромните средства со кои располагаме, па реализацијата на потребните проекти, која за не-
                                                                                                       кои од финансиски помоќните општини претставува минимален финансиски товар, за Општи-
                                                                                                       на Кисела Вода, неминовно подразбираше побарување на финасиски средства од други до-
                                                                                                       машни или меѓународни институции. На сите оние кои имаа слух за нашите барања и го дадоа
                                                                                                       својот придонес во подобрувањето на условите и развојот на нашата општина, неизмерно им
                                                                                                       благодарам.

                                                                                                       Четири години колку што ни стоеја на располагање, не се многу долг период. Сепак, во овој
                                                                                                       временски интервал, водејќи се од дадениот збор пред граѓаните и одговорноста што тој со
              Издавач: Општина Кисела Вода                                                             себе ја носи, успеавме да реализираме голем број проекти од голема важност за жителите
                                                                                                       на овој дел од градот Скопје. Работејќи според програмата што ви ја понудивме, секако со
              Подготовка и компјутерска обработка:                                                     поддршка од централната власт и Град Скопје, остваривме повеќе од 85% од планираното. Во
                Тања Атанасовска Ивановска                                                             работата ги следевме модерните текови на живеењето кои нудат ефективно искористување
                Сашо Андоновски                                                                        на енергијата, на просторот и на сите други расположиви ресурси, реализиравме проекти од
                                                                                                       кои се видливи иновативноста, одлучноста, планското и систематично работење, што треба
              Лекторска обработка: Татјана Нанкова                                                     да допринесат за долгорочни и квалитетни резултати. Исто така, верувам дека резултатите и
                                                                                                       придобивките  што граѓаните ќе ги имаат за себе ќе траат и по завршувањето на мојот мандат.
              Печати: Европа 92 - Кочани



                                                                                                                                                                     www.kiselavoda.gov.mk
   1   2   3   4   5   6   7