Page 7 - 1460 дела
P. 7

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ПЕРИОДОТ 2013 - 2017  7
 РЕАЛИЗИРАНИ  КАПИТАЛНИ  ПРОЕКТИ  РЕАЛИЗИРАНИ  КАПИТАЛНИ  ПРОЕКТИ



                                             На Денот на одбележување 61 година од своето
 НОВ ДОМ НА КУЛТУРАТА                        постоење, беше пуштен во употреба новиот Дом
                                             на културата во Кисела Вода „Кисела Вода- Кино“
 „КИСЕЛА ВОДА – КИНО“ (КВК)                  (КВК). Руинираниот, но и неугледен објект кој по-
                                             стоеше во овој дел од Општина Кисела Вода бил
                                             изграден во 1959 година. Во него некогаш функ-
                                             ционирало кино, а од 1990 година е надвор од
                                             употреба. По неговата темелна реконструкција,
                                             жителите на Општината добија современ, моде-
                                             рен мултимедијален објект кој ќе ја збогати кул-
                                             турната понуда во овој дел од градот.

                                             Новиот Дом на култура во населбата Кисела Вода
                                             е на површина од околу 900 метри квадратни. Во
                                             приземјето  се  сместени  мултимедијална  сала  со
                                             169 седишта, музичко-уметнички клуб, библиоте-
                                             ка, канцеларија на месната заедница, гардероби,
                                             билетарница, пацио. Просторот е збогатен и со
                                             дополнителни содржини како кафетерија, додека
                                             во подрумскиот дел е сместен делот за релакса-
                                             ција во кој жителите од Општина Кисела Вода ќе
                                             може да го поминуваат своето слободно време.
                                             Во подрумот има и мала сала во која ќе може да
                                             се подготвуваат театарските претстави. Во дел од
                                             контролната кула е сместена контролна соба и ос-
                                             тава. Современата надворешност на објектот, пак
                                             му даде нов, естетски лик на просторот.

                                             Реконструкцијата  започна  во  2014 година,  а  во

 Отпочнува реконструкцијата на киното во селото Драчево и негова   неа се инвестирани 42 милиони денари од Минис-
                                             терството за култура и девет милиони денари од
 преадаптација во културен дом               Општина Кисела Вода.
 Преку секторот за локален економски развој (ЛЕР), Општина Кисела Вода, аплицираше во Аген-
 цијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, мерка 321, за подобар
 животен квалитет на граѓаните во руралните средини. Врз основа на Програмата за финансиска
 поддршка на руралниот развој, добиена е финансиска поддршка која се намени и дополни со
 средства од Општина Кисела Вода токму за реализација на проектот „Реконструкција
 на киното во село Драчево и негова преадаптација во културен дом“.
 Реализацијата ќе се одвива до 2019 година.
   2   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12