Page 8 - 1460 дела
P. 8

ОТЧЕТ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ ДЕЛА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ПЕРИОДОТ 2013 - 2017                                                                                 9
                    РЕАЛИЗИРАНИ  КАПИТАЛНИ  ПРОЕКТИ

                   ДВА НОВИ УЧИЛИШНИ ОБЈЕКТA ВО

                           ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

       УЧЕНИЦИТЕ ОД “РАЈКО ЖИНЗИФОВ, СИМБОЛ НА КИНЕСКО-МАКЕДОНСКОТО
       ПРИЈАТЕЛСТВО” ДОБИЈА НОВ ОБЈЕКТ ВРЕДЕН 4 МИЛИОНИ ЕВРА

       На 1 септември 2014 година беа отворени вратите на новото училиште „Рајко Жинзифов, сим-
       бол на кинеско-македонско пријателство” во населбата Драчево. Реализацијата на овој проект
       значеше исполнување на едно големо ветување дадено пред жителите на населбата Драчево.
       Учениците посетуваа настава во недостојни услови,  во стари и дотраени бараки, изградени во
       далечната 1964 година.
       Новиот училишен објект се протега на 4 500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5
       модерно опремени кабинети и библиотека. Во дворот, на 16 000 м2 има: фудбалско игралиште,
       кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Сред-
       ствата за овој проект, вреден околу 4 милиони евра, кој во Општина Кисела Вода се изведуваше
       преку Секторот за локален економски развој, се обезбедени како дел од склучениот договор
       на Владите на Република Македонија и НР Кина во рамки на билатерална соработка.






























                          Старото училиште беше изградено во 1964 година                                                                        Основците од ООУ „Рајко Жинзифов, симбол на
                                                                                                                                                кинеско-македонско пријателство”, во првото
                                                                                                                                                тримесечие од 2018 година, ќе добијат и нова
                                                                                                                                                училишна спортска сала. Нејзината изградба
                                                                                                                                                започна годинава, а средствата во износ од
                                                                                                                                                20. 178 960, 00 денари се обезбедени преку до-
                                                                                                                                                нација од „IPPR”, Владата на Република Кина,
                                                                                                                                                Владата на Република Македонија и Општина
                                                                                                                                                Кисела Вода.         www.kiselavoda.gov.mk
   3   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13