-Личните достигнувања во областа за која сте најталентирани, се сами по себе награда. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува како признание, треба да бидат стимул за да продолжите и понатаму да работите, да се развивате и да бидете референтна точка за сите ваши наследници во училишните клупи, нагласи градоначалникот Беличанец - Алексиќ.
На крајот од цермонијалното доделување на наградите Беличанеќ - Алексиќ на најталентираните ученици им честиташе за постигнатите успеси и им порача и во иднина да продолжат по патот по кој зачекориле.