Концертот е дел од манифестацијата “Три круши” која се одржува по традиционален 10-ти пат, годинава со променета локација-во Паркот на бранителите, поради градежните активности кои во моментот се одвиваат во месноста Три круши, а имаат за цел изградба на водоводна мрежа и надминување на долгогодишниот проблем со слаб притисок на водата, што го имаа повеќе од 1000 жители на ова подрачје.
Општина Кисела Вода, ги поканува сите свои жители и сите оние кои имаат желба заеднички да го прослават големиот празник Илинден, вечерва да дојдат во Паркот на бранителите и да бидат дел од концертот на Зуица Лазова.