Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент изнесува 3117. Исто така, изготвени се уште 103 урбанистички согласности, од кои, за 87 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.