10/26 2015
Во среда, четврток и петок (28, 29 и 30. 10.2015) од 09 до 17 часот, во Месната заедница во населба Драчево , стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности ќе им дадат одговори на засегнатите граѓани за сите нивни прашања од сферата на Катастарот. Сите заинтересирани граѓани од денес, понеделник, до среда, може да закажат лично, со лична карта, во Месната заедница во населба Драчево.