Општина Кисела Вода ги повикува сите жители од овој дел на градот кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците и со ова превентивно делување да спречат потенцијални пожари. Воедно, редовното чистење и одржување на оџаците допринесува во намалување на емисијата на штетни гасови, како и намалување на потрошувачка на енергија, што значи заштеда на енергетско гориво и заштита на човековата околина.Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната.