-Добивањето на правен статус на овие објекти за општина Кисела Вода, значи чекор напред во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките-изјави градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Наведувајќи ги досега преземените мерки од страна на локалната самоуправа за процесот на легализација непречено да тече, додаде дека општина Кисела Вода во исчекување на новите измени во Законот за легализација ќе продолжи да работи со истата динамика во интерес на граѓаните, како би се заокружил овој процес.