- Ќе ги споменам кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградби, зголемувањето на бројот на комисии кои излегуваат на терен и воведувањето на практика за решавање на минимум 40-50 предмети на неделно ниво. Сепак, не би сакал да ја миноризирам и улогата на сопствениците на нелегално изградените објекти, бидејќи , за процесот на легализација да тече, тие мораат да достават комплетна документација до административните служби. Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 2934.
Честитајќи им на граѓаните кои од денес станаа реални сопственици на легализираните објекти, тој назначи дека општина Кисела Вода исчекувајќи ги новите измени во Законот за легализација ќе продолжи да работи со истата динамика во интерес на граѓаните, како би се заокружил овој процес.