Граѓаните од урбаните заедници 11 Октомври-бараки, 11 Октомври-ЗГРАДИ и Цветан Димов , оваа сабота ќе можат да го донесат стариот уред, кој ќе биде превземен од страна на “Нула Отпад”, ќе биде соодветно селектиран и на крај рециклиран. За граѓаните кои ќе се вклучат во оваа акција ќе бидат обезбедени вредносни ваучери. Во текот на наредните денови, согласно предвидениот распоред, акцијата ќе се спроведе и во другите урбани и месни заедници.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.