Доделувајќи ги решенијата, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ истакна дека расте бројот на граѓани кои ги користат новите продолжени рокови за доставување на документацијата согласно новововедените законски измени.
- Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, Владата на РМ донесе законски измени со кои го продолжи рокот за комплетирање на поднесената документација и даде нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти кој започна на 21.12.2015 година и треба да заврши на 31.03.2016 година. Сакам да информирам дека веќе 198 граѓани ја искористија оваа нова можност и до општинската администрација ги доставија своите барања за легализација на нивниот бесправно изграден објект. Се надевам дека ќе ја докомплетираат соодведната документација во предвидениот рок. А општина Кисела Вода, од своја страна, и во иднина ќе ја задржи добрата динамика за решавање на предметите- потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода.