На потегот помеѓу улицата “Кочанска” до улицата “Пржино”, ќе се изведуваат тротоари од двете страни на улицата со павер елементи кои ќе ги содржат сите потребни слоеви- тампонски слој од дробен камен и подлога од песок – ризла.
Согласно проектот, тротоарите ќе имаат ширина од 2 метра и ќе бидат оивичени со бетонски рабници. Се работи за инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу 3 милиони и 200 000 денари.
И овој проект, како и проектот за реконструкција на тротоарите на улицата Рилски конгрес во Црниче, кој отпочна минатата седмица, е дел од програмата на општина Кисела Вода и дел од буџетот усвоен за 2016 и треба да биде завршен до крајот на месец март.