Новогодишната забава започна во 14:00 часот со детска програма и активности во организација на општината и училиштата.
Официјалната вечерна програма започна во 20:30 часот со собирање на граѓаните во паркот “Македонија” и изведувањето на “хитовите кои се паметат” од страна на ѕвездите на македонската поп и фолк естрада. Публиката ја анимираше македонскиот актер и шоумен Сашко Коцев, кој ги најави настапите на Мики Јовановски - Џафер со бендот, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Тамара Тодевска, Верица Пандиловска, групата Академци и неповторливиот Миле Кузмановски.
Граѓаните можеа да уживаат во убава македонска музика, прекрасна сценографија и визулени ефекти, а сето тоа да го надополнат со купување на храна и пијалок по симболични цени.
Одбројувањето на последните секунди старата година го направија Сашко Коцев, Миле Кузмановски, Верица Пандиловска и групата “Академци” со изведувањето на песната „За многу години Македонци“.
Кулминацијата се случи со прекрасниот огномет кој ја осветли населбата Кисела Вода и го одбележа влегувањето во новата 2013 година.
Коментари