Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, акцијата се спроведува поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.
Денес ќе бидат опфатени жителите на урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври – згради, додека утре (05. 03. 2016 година) од 07,00- 11,00 часот, кабастиот отпад пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, ќе можат да го депонираат жителите на УЗ Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври - бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.
Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, како не би се загрозил сообраќајот за автомобилите и пешаците.