Учениците од средното музичко училиште ги запознаа шестоодделениците со македонските традиционални народни песни и инструменти. Заеднички дискутираа за тоа како се изработени инструментите, од кога датираат, како звучат заедно, колку е тешко да се научи да се свири на секој од посочените инструменти, но и за потеклото на старите македонски песни.
Како потврда за добрата соработката помеѓу двете училишта наскоро е планирана посета на учениците од деветто одделние на средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“.