Ќе бидат поставени армирано-бетонски вибропресувани цевки со различни дијаметри во должина од 305 метри. Исто така е предвидено и поставување на 16 сливници и 5 шахти.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект, ќе значи решение на проблемот со атмосферските води со кој се соочуваат околу 1500 жители токму од овој дел од населбата Драчево.
За реализација на овој проект, општина Кисела Вода издвои околу 6 920 000 денари од својот буџет.