На оваа локација ќе се проширува коловозот, ќе се изведува нова коловозна конструкција, ќе се изработува тротоар. Постојната улица е со асфалтен коловоз со ширина од 3,5 метри, со видливи оштетувања, ударни дупки и попречни пукнатини.
Согласно проектот, коловозот ќе биде проширен на 6 метри, по отстранувањето на постоечката коловозна конструкција, истата ќе се замени со нова, предвиден е тротоари со ширина од 2 метри, а улицата ќе биде и осветлена. Сево ова е посебно значајно бидејќи во непосредна близина општина Кисела Вода гради нова градинка, тука функционира подрачно училиште, а постојат и станбени објекти.
Градоначалникот на општина Кисела Вода изврши и увид во динамиката на работа на фирмата "Бауер БГ" која на ова место ја изведува градинката. Беше констатирано дека објектот е во напредна фаза, од што задоволство изразија и голем број на жители на оваа улица. Поразговараа и за останатите нивни потреби и барања и можноста тие да бидат реализирани.
Градежните работи на улица Саса 2 треба да финализираат во првата половина од месец мај.