Во организација на Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, дечињата сликаа на штафелаите на слободна тема која им овозможи послободен пристап во ликовното изразување во комбинирана техника темпера со поликолор. Паралелно, учесниците на мултимедијалниот хепенинг настапуваа со музичко-ритмички точки.
Општина Кисела Вода годинава по шести пат го организира Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор. Истиот е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2016 година и има за цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците.