Овде, сите почести им припаднаа на основците од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“. Во финалната средба, во интересен и динамичен натпревар, пред исполнетите трибини, избраниците на тренерите Вангел Сувариев и Стевче Василевски со 4:3 славеа во средбата со ОУ ,,Круме Кепески“. Во борбата за трето то место , фудбалерите на ОУ Партеније Зографски беа поуспешни од своите врсници од ОУ Рајко Жинзифов со резултат 3:2. По завршувањето на финалните средби, на најуспешните екипи им се доделија пехари и дипломи.
Интересно е дека, по 6-тиот натпреварувачки ден , квалификационите натпревари завршија и во турнирот во кошарка. На 4-ти мај во финалето, во 11.40 часот ќе играат ОУ ,,Круме Кепески“ и ОУ ,,Рајко Жинзифов“ додека за третото место , еден час порано ќе се сретнат екипите на ОУ ,,Климент Охридски“ и ОУ ,,Кузман Шапкарев“. Според , календарот на натпревари, за утре ( четврток 21.04) во спортската сала ,,Независна Македонија“, предвидено е да започне одбојкарскиот турнир во женска конкуренција.