Со свои штандови беа присутни повеќе книгоиздателства кои им овозможија на сите основци и средношколци да си пронајдат наслови за себе по преполовени цени. Видно расположени, децата бираа од изложените книги, интересирајќи се за содржината и споделувајќи размислувања околу веќе прочитаното.
Воедно, посетата беше искористена за презентација на наставните содржини што ги нуди СЕПУГС “Васил Антевски Дрен”пред деветоодделенците кои наскоро треба да го изберат средното училиште во кое ќе се запишат. Од страна на професорите во ова училиште, директорот и неколку средношколци кои тука учат, им беа презентирани смеровите што постојат, кои се предиспозициите кои треба да се поседуваат за да се биде ученик во ова училиште, но и како изгледа дружењето, воншколските активности и што значи да се биде ученик во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”.